Компанијата Анастасов Лимитед ДООЕЛ Град Делчево има потреба од ангажирање на хонорарни соработници за работа на интернет портали од сл. профил:

*Репортер и фото репортер

*Новинар

*Камерман-Монтажер

во градовите: Штип, Кочани, Свети Николе, Делчево.

Доколку:

-сте динамични, комуникативни, одговорни, подготвени за работа во тим,

-познавате работа со wordpress и joomla уредување на текст/статии,

-поседувате доволни нивоа на знаење од областите : политички науки, историја, економија, локална самоуправа, инфраструктура,

-знаете англиски (особено пишување) [пожелно, не задолжително],

-подготвени за работа на терен, и од дома,

-активно користите социјални мрежи (Фејсбук, твитер, инстаграм, телеграм)

-имате мотивација на јавноста да им ја пренесете вистината, тогаш

Вие сте идеалниот кандидат да испратете ваше

Мотивационо писмо и кратка биографија со нагласување на еден или повеќе од погоре посочените профили за кој аплицирате и задолжително со ваш контакт (e-mail, телефон, вибер) на нашиот e-mail: anastasovltd@gmail.com.

Со избраните кандидати ќе биде организирано лично или онлајн интервју за можен ангажман.

Избраните кандидати ќе бидат ангажирани хонорарно по Договор за дело, со можност за вработување на неопределено време во иднина.

Компанијата го задржува правото на повторна објава на овој оглас, се до конечен избор на нашите соработници.